Блог пост

Пронајдете го вашето идеално решение за греење во вашиот дом - Дел 4

Принципи на греење со нафта, електролитни котлиња, плин и со јаглен.

Греење со нафта – екстра лесно масло

- 1 kg нафта има топлинска моќ приближно калку 3 kg суво огревно дрво.

- 1 литар нафта има топлинска моќ приближно колку 2,5 kg суво огревно дрво.

- 1 литар нафта има топлинска моќ приближно колку 2,1 kg квалитетни пелети.

Греење со природен гас – метан

Во светот, најевтин енергенс за греење е природниот гас. Во нашата држава сеуште тоа не е така бидејќи цената на гасот е многу повисока во однос на другите земји во светот.

Греење со електролитни котлиња

Електролитниот котел претставува една метална цевка во која коаксијално е поставена метална електрода. Електродата директно е приклучена на едната фаза од електричната струја, додека металната цевка ( втора електрода) директно е поврзана со “нулата” на електричен напон од 220V. низ цевките и електродите циркулира течноста од централниот систем за греење, а загревањето на течноста се врши со проаѓање на електричната струја низ течноста (електролид) од централниот систем за греење.

Таков систем е многу евтин и едноставен за изработка, и многумина сами си ги прават таканаречените „електролитни котли”.

На ваков принцип работат некои пластични бокали за брзо загревање на водата, со електроди на дното од пластичниот бокал.

Греење со плин – течен нафтен гас (ТНГ)

ТНГ е мешавина од пропан и бутан гас, се добива преку рафинирање на сурова нафта,а се продава на бензинските станици бидејќи го користат голем број на возила.

Современите печки и котли за централно греење на гас имаат коефициент на искористување (CОP=Coeficient of Performance) okolu 96%.

Доколку се греете на гас, треба да обезбедете соодветни услови за складирање на гасот, во специјални метални боци (резервоари).

Греење со јаглен

Овој вид на греење е сличен со греењето на дрва, меѓутоа многу нееколошки. Се најавува забрана за ваквиот вид на греење поради големо загадување.

Заклучок:

Воздухот кој го дишеме многу зависи од тоа како ќе избереме да се грееме во нашите домови, затоа со добро направено истражување и пресметка донесете мудра одлука за вас од економска гледна точка и секако за околината.

 

Н.Ц.

Тагови: греење