Маком Градба

За Нас

Искуството во областа на недвижности се темели од 2006 година при основањето на друштвото за градежништво и инженеринг Маком Градба која што работи како изведувач и инвеститор со лиценца Б за изведувач на градби од втора, трета, четврта и петта категорија.

Како изведувачи имаме изградено над 100 000 метри квадратни во станбени и деловни објекти од кои 25 станбени згради, 17 деловни објекти, семејни куќи, бензиски пумпи, болници, цркви и останати градежни изведби. Дел од портфолиото го претставуваме подолу...

Во текот на своето работење постојано ги следи трендовите во градежната индустрија и континуирано вложува во својот развој и одговара на потребите на пазарот.

Од основање на друштвото па се до денес има учествувано во изградба на голем број на објекти на територија на Република Македонија.

Во моментов имаме 23 вработен и тоа:
- 1 Дипломиран градежен инженер
- 2 Дипломирани инженери по Архитектура
- 4 ВКВ мајстори
- 4 КВ мајстори
- 4 помошници
- 6 општи работници
- 1 Сметководител
- 1 Управител


Дејноста на компанијата се базира на темелните вредности и принципи на менаџментот при што, како носечки фази во делокругот на нашата работа се појавуваат:
- Градежни работи од областа на нискоградба,
- Градежни работи од областа на високоградба,
- Градежно – занаетски завршни работи.

Вредности и принципи

Нашите вработени се најдрагоцениот ресурс во кој постојано вложуваме за нивни раст и развој со честите обуки за здравје и безбедност при работа и професионални обуки адаптирани за секој вработен. Почитта кон вработените и нивното фер и коректно вреднување се основа за работење на нашата компанија.

Целта ни е успешна и долготрајна соработка со клиентите и деловните партнери, како и нивна препорака и задоволство од нашата работа.
Визија – Се стремиме кон тоа да сме прв избор за клиентите и деловните партнери.
Мисија – Континуирано следење на трендовите во градежната индустрија и одговарање на потребите на пазарот во секое време.

Градежни услуги

Расчистување и спремање на градежното земјиште со цел да се започне со изградба на објект.
Бетонирање на АБ плоча, АБ темели, вградување на арматура.
Ѕидање на внатрешни и надворешни фасадни ѕидови, малтерисување, бојадисување, глетовање на ѕидови.
Услугата ги опфаќа сите видови на покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи, профилирани или пластифицирани лимови. Се работи со материјали кои обезбедуваат висок степен на изолација и врвни технички карактеристики.
Електрични инсталации, инсталации за водовод и канализација.
Комплет инженеринг услуги.

Дел од проектите завршени во изминатиот период

  • Станбена зграда во Тетово со вкупна површина од 1200 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови.

  • Станбена зграда во Скопје на ул. 9 мај со вкупна површина од 1800 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови.

  • Адаптација и реконструкција во Војна болница за потребите на ФИЛИП ВТОРИ Кардиолошка Клиника во Скопје во повеке наврати со вкупна површина од 1000 м².

  • Магацински простор за инвеститор ЛАКШМИ во индустриска зона Визбегово со вкупна површина од 1500 м².

  • Изведба на приватна куќа во Радишани за приватен инвеститор ПО+ПР+МА со површина од 260 м².

  • Реконструкција на Бензиска пумпа на Макпетрол во Гостивар комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Реконструкција на Бензиска пумпа на Макпетрол во Петровац на Автопат Скопје-Велес комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Реконструкција на Бензиска пумпа на Макпетрол во Скопје, Ѓорче Петров комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Станбена зграда на ул. Радушка Ѓорче Петров, Скопје со вкупна површина од 2000 м². Сопствена инвестиција во партнерство со Пантер Билдинг Скопје за продажба на станови.

  • Станбена зграда на ул. 4 Јули, Ѓорче Петров во Скопје со вкупна површина од 1500 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови.

  • Станбена зграда на ул. Партизанска во Тафталиџе, Скопје со вкупна површина од 1800 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови.

  • Изградба на Бензиска пумпа на Макпетрол на нова локација во Битола, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Реконструкција на Бензиска пумпа на Макпетрол во Тетово, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Реконструкција на Бензиска пумпа на Макпетрол во Скопје-Влае, на ул. Партизанска, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Изведба на станбена зграда во Пржино за инвеститор Раритет Скопје, ПО+ПР+2+МА ,со површина од 2600 м².

  • Станбена зграда на ул. Виа Игнатиа, Ѓорче Петров во Скопје со вкупна површина од 1500 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови.

  • Станбена зграда на ул. Мице Козар, Ѓорче Петров во Скопје со вкупна површина од 1800 м². Инвестиција во партнерство со Пантер Билдинг-Скопје за продажба на станови.

  • Станбена зграда на ул. Мечкин Камен, Ѓорче Петров во Скопје со вкупна површина од 1500 м². Инвестиција во партнерство со Пантер Билдинг-Скопје за продажба на станови.

  • Изградба на Бензиска пумпа на Макпетрол на нова локација во Идризово на Автопат Скопје-Велес, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Изградба на Бензиска пумпа на Макпетрол на нова локација во Неготино на Автопат Неготино-Скопје, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Изградба на спортски комплекс ВЕШТАЧКА КАРПА-Кеј на р.Вардар, Карпош 4 во Скопје, инвеститор Агенција за млади и спорт со вкупна површина од 2000 м².

  • Изведба на Земјани работи во изградба на ХЕЦ Света Петка за инвеститор РИКО ИНЖЕНЕРИНГ Словенија.

  • Изградба на Магацински И деловен простор во Визбегово со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор ДРИМКОЛ Вевчани.

  • Изградба на магацински и деловен простор во Визбегово со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор ДИМЕКС Велес.

  • Изградба на станбен комплекс за инвеститор ХОТ И ХОТ-Скопје, со вкупна површина од 2500 м² во нас. Радишани, Скопје.

  • Изградба на деловен комплекс на ЕЛИНГ-Скопје со вкупна површина од 5000 м² во Скопје на бул.Србија.

  • Изградба на магацински и деловен простор во општина Илинден со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор ИЗОЛМАК ФИБРАН-Струмицa.

  • Изградба на магацински и деловен простор во општина Илинден со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор РИКО ГРАДБА-Струмица.

  • Изградба на деловен простор во Пинтија со вкупна површина од 4000 м², за инвеститор ЈОСИБА ПРОТЕКТ.

  • Изградба на деловен објект во Петровец за инвеститор ВИСА-Скопје, со вкупна површина од 2000 м².

  • Изградба на станбен комплекс на ул . Трета Македонска Бригада со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор ЕЛИНГ-Скопје.

  • Надградба на станбена зграда на ул . Партизанска со вкупна површина од 5000 м², за инвеститор СМАРТ-Скопје.

  • Изградба на деловен објект за инвеститор Камфуд-Скопје во Центар-Цветен Пазар со вкупна површина од 5000 м². Земјани Работи и Бетонски работи за изградба на Дијафрагма за обезбедување на градежна јама.

  • Изградба на станбен комплекс на ул . Мечкин Камен, Ѓорче Петров 3. Станбени згради со вкупна површина од 3500 м². Сопствена инвестиција во партнерство со Пантер Билдинг-Скопје за продажба на станови изградена.

  • Изградба на деловен објект за инвеститор Камфуд-Скопје на ул. Козле со вкупна површина од 5000 м².

  • Изградба на станбена зграда ул. Виенска - Тафталиџе, со вкупна повришна од 800м2.

  • Изградба на Бензиска пумпа на Макпетрол на нова локација во Скопје на бул. Борис Трајковски-Пинтија, комплетна изведба на градежни и градежно занатски работи.

  • Изградба на станбена зграда на ул. Пресека-Влае, Скопје со вкупна површина од 2000 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови изградена.

  • Изградба на Производствени погони во Пинтија за инвеститор ПРОТОТИП Скопје, со вкупна површина од 4500 м².

  • Изведба на станбена градба во Сопиште за приватен инвеститор, со вкупна површина од 1200 м².

  • Изградба на Деловен простор-Кујна за инвеститор ПАРТИ ЛЕО-Скопје, со вкупна површина од 2500 м².

  • Изградба на станбена зграда на ул. Ванчо Мицков, Скопје со вкупна површина од 2500 м². Сопствена инвестиција за продажба на станови изградена.

  • Изградба на станбена зграда за приватен инвеститор на улица Јуриј Гагарин, со вкупна површина од 1000 м²

  • Изградба на деловен и магацински простор во Визбегово за инвеститор ДИМЕКС-Велес со вкупна површина од 800 м²

  • Градежни работи за МАКСТИЛ-Скопје, учество во ремонт на Топла Валалница.